HomeАктуелноСемејство со две деца заглавилo во снегот на локалниот пат околу Мавровското Езеро

Семејство со две деца заглавилo во снегот на локалниот пат околу Мавровското Езеро

Семејство со две деца со автомобил утринава заглавиле во снегот на локалниот пат околу Мавровското Езеро.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од ЦУК информираат дека гостиварските пожарникари пријавиле дека утрово во 10:21 часот има заглавени лица во снегот кај селото Леуново.

Во околината на Маврово до утрово наврнаа близу осумдесет сантиметри снег што го отежнува одвивањето на сообраќајот.

Од РЦУК Тетово известуваат дека добиле информација од претпријатието задолжено за одржување на магистралните и регионалните патни правци дека висината на снежната покривка е околу 80 сантиметри. Чистењето на снегот на патот околу Мавровско Езеро дополнително го отежнуваат и паднатите дрвја на коловозите.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.