HomeАктуелноСе будите и веднаш сакате кафе? Еве кои работи треба да ги направите пред првата шолја кафе

Се будите и веднаш сакате кафе? Еве кои работи треба да ги направите пред првата шолја кафе

Големи се шансите секое утро да се тркалате од кревет директно во кујната за да ја добиете првата шолја  кафе. Сепак, експертите велат дека би можеле да имате корист од одложувањето на ова утринско задоволство, особено ако овие 5 работи ги правите пред кафето.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Јадете хранлив појадок – Јадете оброк богат со влакна и протеини: тоа ќе го балансира нивото на шеќер во крвта. Високиот шеќер во крвта може да предизвика воспаление, а тоа може да ги исцрпи вашите енергетски резерви.

Испијте малку вода;

Движете се – Некои луѓе имаат навика да пијат кафе пред вежбање, но експертите велат дека тоа може да предизвика нервоза и прекумерна возбуда. Затоа, советот е да бидете физички активни пред кафето, во првиот час по будењето.

Измијте ги забите;

Размислете за вашите лекови – Ако земате какви било лекови наутро, треба да разговарате со вашиот лекар дали тие можат да делуваат со кафе или кофеин.

Линда Кошаба, сертифициран натуропатски ендокринолог и основач на NES, вели дека ова е особено важно кога станува збор за лекови што се користат за лекување на состојби на тироидната жлезда или дијабетес. „На пример, левотироксин, вообичаен лек за хипотироид, треба да се зема на празен стомак, а потоа треба да почекате 30 минути до еден час пред да јадете или пиете нешто друго освен вода“, напоменува таа.

Важно е да го прашате вашиот лекар за тоа како кофеинот може да влијае на другите аспекти од вашата здравствена рутина. На пример, „ако имате дијабетес или друга состојба која влијае на шеќерот во крвта, важно е наутро да го проверите нивото на шеќер“.

„Кофеинот може да влијае на нивото на шеќер во крвта, а следењето може да помогне во управувањето со потенцијалните ефекти“, објаснува Кошаба.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.