HomeАктуелноСилјановска-Давкова за 8 Септември: „Да изградиме Македонија во која младите нема да ги пакуваат куферите“

Силјановска-Давкова за 8 Септември: „Да изградиме Македонија во која младите нема да ги пакуваат куферите“

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во честитката по повод 8 Септември – Денот на независноста, упати порака за соочување со проблемите што ја оптоваруваат државата, особено иселувањето на младите.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Таа нагласи дека болната реалност не треба да ја парализира државата, туку да биде поттик за промени и одговорно дејствување.

Според Силјановска-Давкова, Македонија има генерациска одговорност да ги искорени криминалот и корупцијата, да обезбеди бескомпромисно владеење на правото и да изгради мирно, праведно и рамноправно општество за сите граѓани.

Во честитката таа потсетува дека пред 35 години, на референдумот од 8 септември 1991 година, граѓаните со огромно мнозинство се определиле за суверена и независна држава, што го опишува како „трет Илинден“.

Како темели на независноста ги посочува довербата на граѓаните во државата и институциите, меѓусебната доверба и вербата во македонската иднина.

Силјановска-Давкова ги истакнува и постигнувањата во изминатите 35 години, меѓу кои членството во НАТО, економскиот развој, стратешките партнерства и европската интеграција. Истовремено, посочува дека државата се соочувала со блокади, двојни стандарди и внатрешни предизвици.

Таа повика и на посилно поврзување со дијаспората и на заедничко дејствување во градењето на иднината на државата.

„Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме. Никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите“, порача претседателката.

На крајот од честитката, Силјановска-Давкова им го честита Денот на независноста на сите граѓани.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.