HomeАктуелноСиноптичарите со детална временска прогноза за наредните денови

Синоптичарите со детална временска прогноза за наредните денови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во крајните западни и северни делови ќе има слаби врнежи од дожд, а на планините врнежи слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен, а долж Повардарието од северозападен правец.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната од 4 до 12 степени.

Во Охрид променливо облачно со услови за дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно време со услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во следните три дена времето ќе биде стабилно, во четврток со појава на магла по котлините. Во петок и сабота ќе дува засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на дневните температури и топење на снежната покривка.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.