HomeАктуелноСиноптичарите со нова викенд прогноза, ЕВЕ какво време треба да очекуваме

Синоптичарите со нова викенд прогноза, ЕВЕ какво време треба да очекуваме

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 16 степени.

Утре ќе дува засилен ветер од јужен правец (на повеќе места со брзина над 60 километри на час и ќе се задржи релативно топло време.

Од недела кон крајот на денот и во текот на работната седмица, под влијание на серија влажни бранови ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на повисоките планини ќе врне снег. Во ноќните часови кон понеделник локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Дневната температура од понеделник ќе биде во опаѓање.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.