HomeАктуелноСловенечката претседателка утре во официјална посета на Македонија

Словенечката претседателка утре во официјална посета на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе биде домаќин на претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, која ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Претседателката Пирц Мусар ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Пирц Мусар и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Словенија.

Во рамки на посетата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, во црквата „Св. Спас“ во Скопје двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.