HomeАктуелноСловенија ги олеснува правилата: Македонските возачи ќе ја менуваат дозволата без практичен испит

Словенија ги олеснува правилата: Македонските возачи ќе ја менуваат дозволата без практичен испит

Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои на сопствениците на возачки дозволи издадени во Северна Македонија им се овозможува замена на документот без полагање на практичниот дел од испитот, под услов да имаат регулиран престој во државата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Одлуката, донесена вчера, претставува значително олеснување за македонските државјани кои живеат и работат во Словенија. Истата погодност важи и за возачки дозволи издадени во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово.

Според новите правила, државјаните на Северна Македонија ќе можат да ја заменат својата дозвола во рок од една година од пријавувањето на престојот. Иако нема да го полагаат практичниот дел од испитот, ќе треба да приложат доказ за ментална и физичка способност за управување со возило, односно здравствено уверение.

Сандра Газинковски од партијата Слобода, претставник на предлагачите, истакна дека целта на измените е отстранување на непотребните административни пречки, а не доделување привилегии.

„Тоа е административна бариера која ги забавува процедурите за вработување и создава дополнителни трошоци, чекање и тестови за луѓето“, нагласи Газинковски, додавајќи дека мерката значително ќе го олесни животот на странските работници.

Сепак, опозицијата изрази несогласување, предупредувајќи дека ваквите промени би можеле да имаат влијание врз безбедноста во сообраќајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.