HomeАктуелноСнег утрово на одредени правци низ државава

Снег утрово на одредени правци низ државава

На 15 март заврши законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба, но патиштата и временските услови не говорат за крај за зимска опрема.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од УХМР денес најавија дека времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Временските услови не велат крај за поседување зимска опрема, утрово снежна покривка има на превојот Стража и Пресека.

Снежната покривка ја нема во известувањето на Македонија пат, од таму апелираат за внимателно возење на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон02 25 61 502 – велат од Македонија Пат.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.