HomeАктуелноСончево, попладне облачно со дожд и грмежи

Сончево, попладне облачно со дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови претежно во планинските региони ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и со услови за ретки грмежи понекаде особено на југот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 20 степени.

Како што информира УХМР, во следните денови времето во претпладневните часови ќе биде претежно сончево, а од пладневните часови ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд кои на места и особено во планинските региони ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.