HomeАктуелноСообраќајка на автопатот Скопје-Тетово: Се судрија две возила, едното се запали – шест лица повредени

Сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово: Се судрија две возила, едното се запали – шест лица повредени

МВР информира дека вчеравечер (9 март) во 22.30 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, кај Арнакија-скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди а4“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(44) од Добри Дол и патничко возило „рено клио“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.Ф. на возраст од 46 години од Гостивар, при што возилото „рено клио“ се запалило.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, еден сопатник од возилото „ауди“ и три малолетни сопатнички од возилото „рено клио“ констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8-ми Септември“.“, стои во соопштението.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.