HomeАктуелноСообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

На 14.11.2024 во 07.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај девијацијата за село Ново село, општина Дебрца, патничко возило „сеат” со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.М.(54) од Кичево, излетало од патот.

Притоа, сопатничката С.Ѓ.(72) од Кичево се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид, велат од МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.