HomeАктуелноСообраќајна несреќа попладнево ја потресе Македонија – Едно лице го загуби животот

Сообраќајна несреќа попладнево ја потресе Македонија – Едно лице го загуби животот

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила попладнево на обиколницата Скопје–Тетово, во близина на клучката Мирковци.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во 15:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека патничко моторно возило излетало од коловозот.

Полициски екипи излегле на местото на настанот, при што било утврдено дека станува збор за патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од машко лице кое починало на местото на несреќата.

Увидот е во тек, по што се очекуваат повеќе информации за околностите под кои дошло до трагичниот настан.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.