HomeАктуелноСо највисоки државни и воени почести Петровска ја пречека австриската министерка за одбрана Танер

Со највисоки државни и воени почести Петровска ја пречека австриската министерка за одбрана Танер

Со церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести, министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Скопје ја пречека нејзината австриска колешка Клаудија Танер, која е во официјална посета на земјава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што соопшти Министерството за одбрана, по пречекот, Танер се потпиша во книгата на впечатоци во Министерството за одбрана, по што двете министерки одржаа тет-а-тет средба. По средабата се одржа и состанок на двете делегации.

Тема на разговор на средбата е одбранбената соработка помеѓу Австрија и Северна Македонија и можностите за нејзиното продлабочување, прашањето за европската интеграција на Западен Балкан, како и актуелните безбедносни случувања и ситуација во регионот, се посочува во соопштението од Министерството за одбрана. 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.