HomeАктуелноСпасени три 16-годишни момчиња: Биле заробени на островче до доцна во ноќта од надојдената река Треска

Спасени три 16-годишни момчиња: Биле заробени на островче до доцна во ноќта од надојдената река Треска

Три 16-годишни момчиња доцна синоќа се спасени откако останале заробени на едно островце на реката Треска. Од Центарот за управување со кризи информираат дека пријавата е добиена во 19:12 часот и дека момчињата останале заробени на островчето, поради надојдената река заради испуст на водата од хидроцентралите што е редовен процес за континуирано производство на електрична енергија со што навечер има нагло зголемување на водотекот низ коритото на реката.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од ЦУК веднаш биле контактирани дежурните во полициската станица Сарај од кои е побарано да се упатат на локацијата каде што се наоѓаат момчињата и ако се во можност согласно процедурите соодветно да интервенираат. Паралелно, бил воспоставен контакт и со Црвениот Крст кои информирале дека нивните тимови се волонтери и не се во можност соодветно да реагираат во овој случај.

Од страна на ЦУК е побара од диспечерите во хидроцентралите да го намалат истекот на вода со што ќе се овозможи извлекувањето и спасувањето на момчињата.

Во меѓувреме од страна на тим на специјалните сили е направен еден обид со чамец да се спасат момчињата, но безуспешно заради брзата и силна вода во зголеменото корито на реката Треска.

Околу 23 часот од страна на дежурните служби во полициска станица Сарај е добиено известување дека по намалување на водостојот на реката, со помош на специјалните тимови на МВР и селаните од селото Грчец, момчињата безбедно се префрлени со чамец од другата страна на островот што гравитира кон селото Грчец.

По спасувањето на момчињата, ЦУК ги известил хидроелектраните „Козјак“ и „Матка“ непречено да произведуваат со производство на електрична енергија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.