HomeАктуелноСпасен повреден странски турист во Охрид кој паднал во тешко пристапен терен

Спасен повреден странски турист во Охрид кој паднал во тешко пристапен терен

Едно лице, странски државјанин, денеска паднало во непристапен терен во близина на хотел „Десарет“ во Охрид. При падот лицето се здобило со телесни повреди, по што била повикана итната медицинска помош. Случајот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во  Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информира ЦУК, поради непристапнапноста на теренот, медицинската екипа не можела да интервенира.

Од ЦУК беа известени пожарникарите од ТППЕ Охрид, полицајците од СВР Охрид и Планинарска спасителна служба „Патагонија“ од Охрид. Екипата од ТППЕ Охрид со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале, при што лицето било извлечено од местото на настанот, па е префрлено во полициски глисер и преку езеро било пренесено до возилото на итна медицинска помош, а потоа во болница во Охрид на понатамошен третман, се вели во соопштението од ЦУК.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.