HomeАктуелноСпречен шверц на 50 штеки цигари купени во фри-шоп на Богородица

Спречен шверц на 50 штеки цигари купени во фри-шоп на Богородица

Спречен шверц на 50 штеки цигари што грчки државјанин ги купил на фри-шоп и без да ги пријави сакал да ги внесе во Македонија преку граничниот премин „Богородица“. Вкупната вредност на штеките цигари изнесува 85.900 денари при што вкупните царински давачки коишто лицето сакало да ги избегне изнесуваат 60.900 денари, информира Царинската управа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираат од ЦУ, царинските службеници штеките цигари ги открија во фабричките шуплини зад тапацирот на задните врати од возилото со кое патувал грчкиот државјанин. Оттаму соопштуваат дека штеките со вкупно 10.000 цигари се одземени, а против лицето е поднесена прекршочна пријава.

Царинска управа во рамки на своите надлежности спроведува активности за заштита на финансиските интереси на државата и сузбивање на нелегалната трговија, додаваат од Царина.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.