HomeАктуелноСредба на претседателот Пендаровски со Бишваџит Банерџи

Средба на претседателот Пендаровски со Бишваџит Банерџи

Средба на претседателот Пендаровски со Бишваџит Банерџи, експерт од областа на меѓународната монетарна политика.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Бишваџит Банерџи, експерт од областа на меѓународната монетарна политика, поранешен шеф на мисијата на ММФ, кој престојува во посета на Македонија по повод одбележувањето на 30 години од монетарното осамостојување. Јубилејот беше повод и за отворањето на изложбата „В/редности и вредности“ во Музејот на Народната банка, посветена на уметноста на македонските банкноти, а на која присуствуваше и претседателот Пендаровски.

На средбата се разговараше за тековните глобални економски и финансиски предизвици, како и за реакциите на централните банки на кризите предизвикани од пандемијата на Ковид-19 и војната во Украина. Соговорниците разменија мислења и информации за тековната монетарна политика во Македонија, за предизвиците за периодот што следи и за општата економска состојба во државата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.