HomeАктуелноСредба на претседателот Пендаровски со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ

Средба на претседателот Пендаровски со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Соговорниците разменија мислења и информации за актуелните состојби во Европа, при што претседателот Пендаровски го запозна хрватскиот премиер со случувањата во врска со македонските евроинтеграции и изрази задоволство од досегашниот тек на скрининг процесот. Во таа насока претседателот посочи и дека одличната соработка на македонските и хрватските институции значително придонесува за користење на хрватското искуство во процесот на подготовките за пристапните преговори.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за севкупната поддршка од Хрватска за аспирациите на Северна Македонија за членство во ЕУ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.