HomeАктуелноСтолтенберг во официјална посета на Македонија

Столтенберг во официјална посета на Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска ќе го пречека Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој е во официјална посета на Република Северна Македонија, што е прва посета откако државата е полноправна членка на НАТО.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според агендата за официјалната посета на Генералниот секретар на НАТО Столтенберг, веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.

Во составот на македонската делегација ќе бидат министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и амбасадорот на Северна Македонија во НАТО, Дане Талески.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.