HomeАктуелноСтудено време проследено со дожд, а на повисоките места со снег

Студено време проследено со дожд, а на повисоките места со снег

Времето наутро ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје утрото ќе биде студено со појава на магла во делови од котлината. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 19 степени.

Според прогнозата на УХМР, под влијание на постудена воздушна маса од север, утре (недела) дневната температура ќе опадне за пет до седум  степени.

-Потоа следува период на променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини ќе има услови за провејување на снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.