HomeАктуелноСтудено утро со магла и сончево време преку ден

Студено утро со магла и сончево време преку ден

Времето утрово ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Скопје наутро со услови за појава на магла, а во текот на денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст, поради што снежната покривка на планините постепено ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.