HomeАктуелноТепачка на плажа во Охрид, недозволена трговија со дрога, избувнат пожар – Билтен на СВР Охрид

Тепачка на плажа во Охрид, недозволена трговија со дрога, избувнат пожар – Билтен на СВР Охрид

На 26.07.2024 во 19.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на плажа на брегот на Охридското езеро во Охрид, едно лице физички го нападнало П.С. од Битола, информираат од СВР Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Се работи на расчистување на случајот.

На 26.07.2024 во 22.15 часот на улицата „Пролетерски бригади” во Струга, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го приведоа Л.Д.(25) од струшкото село Корошишта.

При контрола на патничко возило „фолксваген пасат”, кое го управувал, кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

На 26.07.2024 во 18 часот во ОВР Струга е пријавено дека на нива со пченица во атарот на струшкото село Ливада настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.