HomeАктуелноТешка сообраќајна несреќа ја потресе Македонија, едно лице го загуби животот

Тешка сообраќајна несреќа ја потресе Македонија, едно лице го загуби животот

Синоќа околу 21.40 часот на патниот правец А3 Битола-граничен премин „Меџитлија“ во близина на крстосница со пат за с.Породин кон Меџитлија, патничко моторно возило „рено клио“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.С.(42) од с.Кравари, битолско, излетало надвор од коловозот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од здобиените повреди на лице место починал возачот И.С. Смртта била констатирана од лекар од итна медицинска помош Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.