На 12.03.2023 околу 02,15 часот во Скопје на ул.„Горно Лисиче“, патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ѓ.(25), излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.Ѓ. и сопатничките В.К.(44) и М.С.(20), сите од Скопје, кои им биле констатирани од лекар во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
