HomeАктуелноТешко повреден малолетник откако друг малолетник со мотор удрил во него

Тешко повреден малолетник откако друг малолетник со мотор удрил во него

На 02.05.2023 во 12.35 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на ул.„Тодор Александров“ во Пробиштип, мотоцикл со пробиштипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Пробиштип, удрил во друг малолетник од Пробиштип.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во несреќата малолетниот пешак се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.