Претпладне во крајните југоисточни делови ќе има мала до умерена облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Во Скопје сончево со слаб ветер од променлив правец.
Во Охрид сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 22 степени.
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра. Во четврток и петок во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.
