HomeАктуелноТошковски: Македонската полиција работи и во недела, се спроведува акцијата поврзана со криумчарење на луксузни возила

Тошковски: Македонската полиција работи и во недела, се спроведува акцијата поврзана со криумчарење на луксузни возила

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утрово ги посети полициските службеници во Единицата за внатрешни работи во Ѓорче Петров, каде облиску се запозна со текот на акцијата што денеска се спроведува од страна на СВР Скопје во координација со Одделот за криминалистичка полиција.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Акцијата е насочена кон сузбивање на организирана криминална група која се занимава со криумчарење на скапи моторни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба, за што утрово се вршеа претреси на повеќе локации. Продолжуваме со борба против сите облици на криминал, затоа што македонските граѓани заслужуваат да живеат во стабилна и безбедна држава.”, потенцираше министерот Тошковски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.