HomeАктуелноТрадиционален меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

Традиционален меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе го отвори 22. Традиционален меморијален турнир во мал фудбал, во чест и сеќавање  на загинатите припадници на македонската полицијата во 2001 година и настаните во Куманово во 2015 година и загинатите припадници на Армијата на Република Северна Македонија во 2001 година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Турнирот, како што информираат од МВР, е во коорганизација на Министерството за одбрана и здружението „Херои на Македонија 2001-2015“.

Покрај Спасовски, на турнирот ќе се обратат и државниот секретар при Министерството за одбрана, Владимир Анчев, како и претседателот на здружението „Херои на Македонија 2001-2015“ Владо Стојановски.

На меморијалниот турнир ќе учествуваат 13 екипи составени од припадници на Армијата, на полицијата, семејствата на загинатите бранители и Агенцијата за млади и спорт.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.