Во струшкото село Ташмаруништа во недела (2 август) ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Илинден“, со која ќе бидат одбележани 123 години од Илинденското востание и 75 години непрекинато чествување на празникот.
Програмата ќе започне во 10 часот со пречек на коњаничкиот марш, по што ќе следува полагање свежо цвеќе на споменикот на Двата Илиндена и полагање венец во чест на борците од Илинденското востание.
Во 11:30 часот е предвидено свечено отворање на манифестацијата, по што ќе следува културно-уметничка програма. Според најавата на организаторите, во програмата ќе настапат Андријана Јаневска, Петар Темелковски, групите „Седенка“ и „Медник“, како и КУД „Илинден“ – Струга.
За 14 часот е најавена посета на претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски кој ќе положи свежо цвеќе на спомен-обележјето посветено на загинатите борци од Илинденското востание.
Манифестацијата се организира со цел да се одбележи еден од најзначајните датуми во македонската историја и да се зачува традицијата на илинденските чествувања.
