HomeАктуелноУапсен жител на дебарското село Броштица поради семејно насилство

Уапсен жител на дебарското село Броштица поради семејно насилство

Полициски службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи лишиле од слобода жител на селото Броштица во општина Центар Жупа бидејќи физички ја нападнал неговата сопруга.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Лишен од слобода е Ј.Р.(44) од селото Броштица. Тој, претходно во семејниот дом во селото, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Овој месец, ова е четврти случај на пријава на семејно насилство.

Во првиот случај, беше приведен С.Б.(67) жител на Дебар, кој во семејниот дом физички ја нападнал сопствената ќерка. Во вториот, приведен беше Н.М.(49) од дебарското село Косоврасти кој физички ја нападнал неговата сопруга. Претпоследниот случај беше во дебарското село Могорче, каде беше лишен од слобода Д.Д.(31), поради физичко насилство врз сопругата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.