HomeАктуелноУапсен косовар кој не застанал на гранична контрола на „Блаце“ и се обидел да избега кон Скопје

Уапсен косовар кој не застанал на гранична контрола на „Блаце“ и се обидел да избега кон Скопје

На 15.03.2023  во  04.55  часот од полициски службеници од Граничниот премин Блаце бил лишен од слобода И.Д.(25) од Косово, кој управувал патничко моторно возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Имено, околу 04.45 часот на Граничен премин Блаце, при влез во државата, тој со возилото не застанал на граничната полициска ни на царинска контрола и се обидел да избега кон Скопје, но по преземени мерки од полициски службеници на патот за Долно Блаце бил пронајден и приведен.

И.Д. бил предаден на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал и миграции при РЦ Север за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.