Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против П.Т.(35) од Валандово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На 19.11.2022 во Валандово, при извршен претрес во домот на пријавениот биле пронајдени семки од растението канабис сатива и марихуана.
