HomeАктуелноУапсен напаѓачот кај Младеновац – нови детали за најновиот масакр

Уапсен напаѓачот кај Младеновац – нови детали за најновиот масакр

21-годишниот напаѓач кој во селото Дубона кај Младеновац уби осум луѓе и рани над десет, утрово е уапсен во Крагуевац.

По пукањето со автоматско оружје и убиството на осум луѓе во селото Дубона кај Младеновац, осомничениот 21-годишен напаѓач е уапсен во Крагуевац, како што јавија српската државна телевизија РТС и државната новинска агенција Танјуг, повикувајќи се на свои извори.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Напаѓачот во четвртокот вечерта со автоматско оружје пукал во група луѓе, убивајќи осум и ранувајќи повеќе од десет од присутните.

Сведоци за медиумите во Србија изјавиле дека било пукано додека седеле на клупи во центарот на селото, а извршителот пукал на нив од автомобил. Според непотврдени информации, меѓу жртвите се и еден полицаец и неговата сестра.

Извршителот побегнал по нападот, а полицијата организирала голема потера со учество на над 600 полицајци, меѓу кои припадници на антитерористичка единица. Потрагата била вршена и со хеликоптери и дронови. Градот Крагуевац, каде е уапсен осомничениот убиец, се наоѓа на околу 100 километри од местото на злосторството.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ го посетил местото на нападот синоќа и настанот го опишал како „терористички акт“, но не изнесол натамошни детали.

Инаку, ова е второ убиство за три дена во Белград. Најновиот масакр се случува само еден ден по трагедијата која ја потресе цела Србија– во средата на 3 мај во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ тринаесетгодишен ученик со огнено оружје уби осум свои соученици и чуварот на училиштето, по што беше приведен од полицијата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.