Уште еден успех на фолк пејачот Спасен Силјановски, пејачот среќната вест ја сподели на социјалните мрежи, а честитки пристигнуваат од сите страни.
Овој пат мегапопуларниот хит „Ќе ти дојдам вечер” ја освои Првата награда за Фолк хит на годината, на фестивалот „Фолк Хит 2023”.
Организатори на настанот беа „Шанел Топ Моделс”, додека на Фолк Хит учество земаа 22 изведувачи со своите нови композиции.
Имено, на фестивалот второто место припадна на Дарко Бимбиловски со песната „Да да да“, додека третото место го освои Ташко Каранфиловски и Астра Бенд со песната „Голем мерак“.



Новинар: Елена Ристеска
