HomeАктуелноУтринава регистриран земјотрес – граѓани пријавуваат дека го почувствувале – Еве каде е епицентарот!

Утринава регистриран земјотрес – граѓани пријавуваат дека го почувствувале – Еве каде е епицентарот!

Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на околу 144 километри југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда 4.

Според Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил утрово во 7.52 часот, на 15 километри од Елбасан, а бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.