HomeАктуелноУтрово се апси низ Охрид, голема полициска акција!

Утрово се апси низ Охрид, голема полициска акција!

Припадници на специјалните полициски сили и на Одделот за борба против наркотици утрово спроведуваат акција во угостителски објект што се наоѓа на булеварот „Туристичка“ во Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Полициските екипи се на лице место, но не е познато за каква акција се работи и што е предмет на претресот.

Според неофицијалните информации, станува збор за претрес со потрага по наркотични средства оттаму што во претресот се ангажирани и полициски кучиња, но не е исклучено да се работи и за акција за контрола на лица бидејќи се работи за oбјект во кој работи стриптиз-бар каде се постојано ангажирани странски лица.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.