HomeАктуелноУтрово се воведе забрана за тешки товарни возила, Македонија пат уверуваат дека постојано се на терен

Утрово се воведе забрана за тешки товарни возила, Македонија пат уверуваат дека постојано се на терен

ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известува дека поради обилни врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража, од 08.30 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат од ЦУК.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Тетово и на Попова Шапка, а во Гостивар и на планинските превои Стража и Пресека врнежите се од дожд и снег.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од Македонија пат.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон02 25 61 502 – додаваат од ЈП, Македонија пат.

 

 

Е.Р

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.