HomeАктуелноУХМР со предупредуваање: Следува период на многу топло време

УХМР со предупредуваање: Следува период на многу топло време

Времето утре сончево и многу топло со мала локална облачност, соопшти УХМР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Попладне во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд проследен со грмежи и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. UV=9

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

„Од среда следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигнува 40°C. Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено утре и во четврток кога ќе има услови за краткотрајно невреме“, стои во соопштението на УХМР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.