Од утрово целосно е непроодно движењето на патниот правец Прилеп-Росоман после Плетвар поради одрони и поплавување на патот.
Кај „Плетвар” пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи. Се преземаат мерки за расчистување , информираат од АМСМ.
Алармантна е состојбата кај Плетвар, поточно кај изградбата на новите тунели кај Фариш. Водата носи се пред себе, а автомобили се заглавени на патниот правец Прилеп-Градско.
