РЦУК Велес –
Вонредна информација Поради обилните врнежи од дожд кој не траеја повеќе од десетина минути, во 18.16 часот од ТППЕ Велес добивме информација за поплава на 2 деловни објекта на улица Благој Горев. По кратката интервенција на 3 пожарникари (чистење на затната шахта) поплавата беше санирана без поголеми штети. Во 18.37 ТППЕ доби нова дојава за поплавена куќа на улица В.Атанасов 22 во населба Превалец. Екипа на ТППЕ со 3 пожарникари, едно ПП возило со пумпа беа на терен за санирање на штетата. Поплавени се простории во приземјето. Пожарникарите се вратија во 19.11часот. Во моментов нема други пријави за полпавени објекти.
РЦУК Кавадарци –
Вонредна информација Според информацијата добиена од 112, во 18,21 часот, на регионалниот пат од Кавадарци-Прилеп, кај тунелите од силното невреме е пријавено надоаѓање на поголема количина на вода со опасност за излевање. Веднаш беа известени субјектите во СУК и беше стапено во контакт со лицето од ЕЛС Кавадарци кое не извести дека е стапено во контакт со изведувачот на тој патен правец и дека во случај на излевање на реката, во содејство со изведувачите на автопатот – Сино Хидро ќе интервенираат со нивни машини за да не дојде до излевање и поплавување на патот.

РЦУК Куманово –
извештај за вонредна ситуација: Од страна на РЦУК Кр.Паланка ( Игор Младеновски) известени сме дека од силниот пороен дожд во попладневните часови на територијата на Опш. Кр. Паланка надојдена е реката Латковица кај с. Огут. Од надојдената буица-вода кај пропустите на патот прекинат е сообраќајот на регионалниот патен правец с.Огут кон с. Нерав. Регионалниот пат води кон граница со Република Србија.За настанот веднаш се известени Градоначалникот на Општина Кр. Паланка како и Раководителот на Македонија пат Подружница Кр. Паланка.

