На 10.06.2023 година во просториите на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид се одржа Вториот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2023, покровител на настанот е ОСМТХ Велик Приорат Македонија, Командерија „Св.Наум Охридски“ – Охрид , во соработка со К.К „Колибри“ – Охрид, Здружение Енхелеус Лихнид, Лабино саунд и Црвен Крст – Охрид. 
Oва е втор хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2022 год., кој се надеваме во иднина да прерасне во традиција, турнирот е одлична можност за децата на возраст од 10 до 15 години од Охрид и пошироко, да се дружат, спортуваат и го развиваат хуманитарниот дух, велат организаторите.
На хуманитарниот турнир учество земаа околу 82 деца.
Ни претставува огрома чест и задоволство што помина сè во најдобар ред, што преку хуманост децата имаа можност за дружба, тимска игра, спорт, рекреација, едукација, додека со помош на Здружение Енхелеус Лихнид придонесовме и за подигнување на еколошката свест и зачувување на животната средина од најмладите, додаваат огранизаторите на настанот.
Особена благодарност упатуваме до спонзорите: Хотел Сити Палас, Спорт лајф, Лабино Соунд, К.К Колибри, Црвен Крст-Охрид, Енхелиус Лихнид, Гостилница „Мече“, ОЕМУЦ – Св.Наум Охридски- Охрид и директорот Сашо Недески, „Браво 2015“, Кибо-Пласт, Анда, Левидија…

Меѓудругото, за најуспешните три екипи обезбедени беа вредни награди од страна на главниот покровител на настанот, додека секој учесник доби капа, маичка и благодарница за земено учество.
Во категорија од 10-11 години првото место го зема екипата „Тројцата мускетари“, второто место екипата „Про баскет Јуниор“ и третото место „Лихнид Бојс“. За првото место играа Харис Абас, Албион Азизи и Милош Милошевиќ. За второпласираните настапија Андреј Кантароски, Христијан Климоски, Давид Василески и Лука Јанески, додека за третопласираните играа Стефан Танасоски, Матеј Трајаноски и Андреј Крстаноски.
Во категорија 12-13 години првата награда припадна кај екипата „Змејко Бербер“ за кој настапија Елвир Селим, Мерт Максуд, Ефе Јашар, второто место го земаа екипата за кој настапија Симеон Костадиноски, Наум Јованоски и Матеј Стојаноски и третото место припадна кај екипата за која настапија Кристијан Давидоски, Иван Шуминоски и Лука Шуминоски.
Додека кај највозрасните, категорија 14-15 првата награда припадна на „Златна тројка“ за која настапија Јон Ѓорѓиев , Никола Митрески и Харун Османоски, втората награда припадана на Давид Блажески, Иван Христов и Димитар Робески, додека третата награда припадна на Димитар Петров, Филип Настовски и Ристе Митрески.
За МВП на турнирот беше избрана Елеонора Латкоска, каде беше доделена вредна награда од страна на покровителот на настанот.
Имено, сите собрани средства ќе бидат донирани во Центарот за аутизам во Охрид.



Подготвил: Елена Ристеска





