HomeАктуелноХоспитализирано 13 годишно дете по напад од кучиња во Битола, од институциите повторно молк

Хоспитализирано 13 годишно дете по напад од кучиња во Битола, од институциите повторно молк

Дете на 13 годишна возраст денеска било искасано од глутница бездомни кучиња, а поради здобиените повреди задржано е на лекување во битолската болница.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За случајот информираше и битолскиот градоначалник, Тони Коњановски, кој за инцидентот вината ја гледа во долгогодишното непостапување од страна на институциите.

Родителите на детето информираат дека 13 годишникот е во стабилна здравствена состојба.

Инаку, во Битола зачестија нападите од бездомни кучиња изминатиот период, а градските власти информираат дека решение за проблемот гледаат во изградбата на прифатилиштето за бездомни животни.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.