HomeАктуелноХристијана Парулеска со европското злато од Италија пристигна во Охрид

Христијана Парулеска со европското злато од Италија пристигна во Охрид

Граѓани на Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков денеска на Градскиот плоштад ги пречекаа македонските репрезентативци во традиционално теаквондо, и пред се златната кадетка од Европскиот шампионат, Христијана Парулеска.

Со свирежи на возила и развиорени македонски знамиња, пристигна Христијана Парулеска, девоjчето кое во изминативе денови во Језоло Италија го освои златниот медал и во категорија кадети и стана европски првак во теквондо.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Христијана пристигна во Охрид со делегацијата со која  заедно беа  на натпреварите во Италија, додека  на градскиот Плоштад имаше организиран свечен дочек од страна на општина Охрид.

Златната генерација Таеквон-до ИТФ, сонот на секој тренер да има натпреварувачи кои на Европско првенство се препознатливи по нивниот квалитет и пожртвуваност , напиша на својот фб профил нејзиниот тренер и селектор на македонската МТТФ репрезентација, Марјанчо Лазаревски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.