Регионалниот ЦУК Битола извести дека пожарот кој започнал вчера во 13:20 часот на објект во поранешната фабрика за чевли ,,Борка Левата“ во Општина Прилеп, а сегашна конфекција ,,Тила“, е изгаснат во 00:35 часот, а во текот на целото гаснење на пожарот интервенирале вкупно 20 пожарникари со 10 ПП возила. Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.
