HomeАктуелноЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ПО ПОВОД КАТОЛИЧКИ БОЖИЌ

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ПО ПОВОД КАТОЛИЧКИ БОЖИЌ

Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков упати честитка до сите граѓани од католичка вероисповед по повод големиот христијански празник Раѓање Христово-Божиќ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 

Почитувани сограѓани од католичка вероисповед, Со најискрени желби за мир, здравје и благосостојба, дозволете ми во мое лично име и во името на Општина Охрид да ви го честитам– Раѓањето Христово-Божиќ. Ви посакувам овој голем празник, со својата благодат и спокој, да ги донесе Божјите милости во вашите домови и срца. Божиќ е светлина која го осветлува патот на човештвото, тој е гласник на љубовта и милосрдието. Како што Христовото раѓање донесе спасение, нека и секој нов ден биде надеж за нов почеток и нова среќа. Во ова време на радост и празнување, да си подадеме рака еден со друг и да ги чуваме вредностите што не поврзуваат. Нека пораките за човекољубието и почитувањето не водат кон заедништво и разбирање. Среќен Божиќ!, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.