ШТО СИМБОЛИЗИРА ПЕЧАТОТ НА ПРОСФОРАТА?
Многумина го гледаат печатот на просфората, но ретко се запрашуваат што навистина значи.
Во Православната Црква ништо не е случајно. Секој знак на просфората носи длабока духовна порака и нè потсетува на тајната на Светата Литургија.
Во средината стои IC XC NIKA – „Исус Христос Победува“, сведоштво за победата на Христос над гревот и смртта.
Околу Него се спомнуваат Пресвета Богородица, Светителите, како и сите живи и упокоени православни христијани. Така Црквата ни покажува дека сите сме собрани околу Христос и повикани кон спасение.
Деветте триаголници ги претставуваат ангелските чинови и светителите кои се спомнуваат на Проскомидијата, сведочејќи дека целото Небо Му служи на Бога.
Кога свештеникот вади честички од просфората за живите и упокоените, тој сведочи дека пред Бога не сме разделени, туку соединети во молитва и љубов.
Печатот на просфората не е само украс на лебот. Тој е слика на целата Црква собрана околу Господ во Светата Евхаристија.
Еден Леб. Еден Христос. Една Црква.
Превземено од.. Orthodox life with Ivana
