HomeАктуелноЈованоски поднесе оставка од функцијата директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, со неа даде отчет за сработеното

Јованоски поднесе оставка од функцијата директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, со неа даде отчет за сработеното

Директорот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, Милчо Јованоски денеска до министерството за култура и туризам и лично до министерот Зоран Љутков поднесе оставка од функцијата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во дописот Јованоски наведува дека оставката ја поднесува од лични причини.

Како вработен во установата, останувам во неа на работното место виш библиотекар во Одделнието за културни манифестации, односи со јавноста, издавачка дејност, меѓународна соработка и маркетинг и од таа позиција ќе се залагам за понатамошен развој на Библиотеката.

Јовановски до министерството и министерот поднесе и отчет за сработеното за периодот јануари 2022 до 1 октомври 2024 година.

Библиотеката под мое раководство во изминатите 2 години и 9 месеци реализира богата и амбициозна програма со која е подигнат дигнитетот на установата во македонски и меѓународни рамки. Библиотеката реализираше комплексни проекти со издржана и актуелна содржина во кои беа креативно вклучени сите вработени, посочува во отчетот Јованоски.

Во 2022 година Библиотеката „Григор Прличев“ беше прогласена за „Библиотека на годината“ во категоријата на Национални установи од областа на библиотекарството во земјава. Наградата се поклопи со јубилејот 70 години откако Библиотеката го носи името на големиот поет и преродбеник Григор Прличев. По тој повод отпечатена е и истоимена монографија, а претходно и книгата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан “ (1952 – 2022). Го посочи и Конкурсот за избор на најдобра беседа посветена на Прличев, првиот локално ,а годинава прерасна во Конкурс на државно ниво.

Од јануари 2022 до 1 октомври 2024 година реализирани се 50 проекти финансирани од Министерството за култура и туризам. Во истиот период одржани се и други 150 настани во Библиотеката, меѓу кои и неколку саеми на книги а континуирано се обновуваше книжниот фонд. Потпишан е Протокол за соработка со ЈУ Библиотека „Бора Станковиќ“ од Врање. Охридската библиотека беше домаќини на Светскиот патувачки поетски фестивал „Прличев и Еминеску – поглед кон иднината“. За прв пат успешно е реализиран меѓународниот проект Слушни го езерото со поети и учесници од библиотеките од Поградец, Струга и Охрид.

Јованоски ги посочува и сите реализирани средби, проекти, ревизијата на целокупниот книжен фонд, набавките на  неопходен материјал за функционирање на книговезницата, нови канцелариски столици, лед светла, нова канализациона мрежа во новиот дел, како и сработеното идејното решение за изградба на пристапна рампа за лица со попреченост-проект кој поради стопираниот урбанистички план не е реализиран.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.