Сите расположливи екипи се на терен и во континуитет вршат расчистување на државните патишта, информираат од Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта – Македонија пат.
Додаваат дека по добиените информации од терен, сите државни патни правци се проодни за сообраќај, истиот се одвива во зимски услови и по влажни коловози.
Апелираат до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови, притоа:
– задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата
– внимателно да управуваат со возилата,
– да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација,
– да ја прилагодат брзината спрема условите на патот
Исто така апелираат да се следи временската состојба и сите граѓани кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта.
Информираат дека во континуитет ја следат состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен.
