HomeАктуелноЌе се врши обдукција за да се утврдат причините за смртта на тетовецот пронајден со прострелна рана

Ќе се врши обдукција за да се утврдат причините за смртта на тетовецот пронајден со прострелна рана

Од Јавното обвинителство се огласија за трагедијата во тетовско каде полиција пронашла безживотно тело на 42-годишен жител на Тетово, кој бил пријавен како исчезнат од својата сопруга.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Извршен е увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите поради сомненија дека смртта е резултат на кривично дело. Дадена е наредба за обдукција, наредба за подигање на возилото и други траги од лице место на кои ќе се врши вештачење, наредба за обезбедување на снимки од видео надзор, како и други докази, известија од ЈО. 

По наредбите се постапува, додаваат оттаму.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.