Во текот на вчерашниот ден (05.01.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 101 возач. Од нив, 27 на територијата на СВР Охрид, 16 на територија на СВР Тетово, по 11 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Битола и СВР Велес..
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Извор:МВР